46. А кога умре Асом, на неговото место се зацари Варадовиот син Адад, кој ги порази Мадијамците во Моавското Поле; името на неговиот град беше Авит.
47. Кога умре Адад, на неговото место се зацари Самада од Масекаса.
48. А кога умре Самада, на неговото место се зацари Саул од Ровот покрај Реката.
49. Кога умре Саул, завладеа Вал Енон, Аховоров син.
50. Кога умре Вал Енон, завладеа Адад; името на неговиот град беше Паи. Жена му се викаше Метевеила. Беше ќерка Матраидова од Ме Зовов.
51. Кога умре Адад, станаа кнезови во Едом: кнез Тамна, кнез Алва, кнез Јетет,
52. кнез Оливема, кнез Ила, кнез Финон,
53. кнез Кенез, кнез Теман, кнез Мивсар,
54. кнез Магдиел и кнез Ирам. Тоа беа едомски кнезови.