Стар Завет

Нов Завет

Тит 3:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Верно е тоа слово, и сакам ова да го држиш цврсто; и оние, кои веруваат во Бога да се грижат да одат напред во добрите дела. Тоа е добро и полезно за луѓето.

9. А избегнувај ги: глупавите распрашувања, родословијата, расправиите и препирките по однос на Законот, зашто се неполезни и суетни.

10. Избегнувај човек кривоверец, по првото и второто опоменување,

11. знаејќи дека таквиот човек се изопачил и дека греши, та се осудил сам себеси.

Прочитајте целосна глава Тит 3