Стар Завет

Нов Завет

Тит 3:4-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Но кога се јавија: добрината и човекољубието на Бога, нашиот Спасител,

5. нè спаси не врз основа на праведните дела што сме ги направиле ние, туку по Својата милост, преку капењето на новораѓањето и обновувањето на Светиот Дух,

6. Кого богато Го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител,

7. та оправдани преку Неговата благодат да станеме наследници според надежта на вечниот живот.

8. Верно е тоа слово, и сакам ова да го држиш цврсто; и оние, кои веруваат во Бога да се грижат да одат напред во добрите дела. Тоа е добро и полезно за луѓето.

9. А избегнувај ги: глупавите распрашувања, родословијата, расправиите и препирките по однос на Законот, зашто се неполезни и суетни.

10. Избегнувај човек кривоверец, по првото и второто опоменување,

11. знаејќи дека таквиот човек се изопачил и дека греши, та се осудил сам себеси.

12. Кога ќе ги пратам при тебе Артема или Тихик, побрзај да дојдеш при мене во Никопол, зашто решив да презимувам таму!

13. Грижливо снабди ги за пат правникот Зина и Аполос, за да имаат сè што им треба!

14. Но и нашите да се учат да бидат први во добрите дела, каде што е тоа неопходно потребно, за да не бидат без плод.

15. Те поздравуваат сите, кои се со мене. Поздрави ги оние, кои нè љубат во верата. Благодатта со сите вас. Амин!

Прочитајте целосна глава Тит 3