Стар Завет

Нов Завет

Тит 2:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А ти говори за она што се сложува со здравата наука:

2. старците да бидат трезвени, чесни, разумни, здрави во верата, во љубовта, во трпението;

3. исто така постарите жени да се владеат како што доликува на свети, да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, туку да бидат учителки за доброто,

4. за да ги учат младите жени да ги љубат своите мажи и своите деца,

5. да бидат разумни, чисти, добри домаќинки, покорни на своите мажи, за да не се хули Божјото Слово.

6. Исто така, опоменувај ги младите да бидат здраворазумни,

7. давајќи се во сè себеси како пример за добри дела, во науката - нерасипаност, достоинство,

8. здраво и беспрекорно слово, за да се засрами секој противник, немајќи што да каже лошо за нас.

9. Опоменувај ги робовите за да им се покоруваат на своите господари, да настојуваат да им угодат, да не им противречат,

10. да не поткрадуваат, туку да ја покажат својата добра верност, та да ја украсуваат во сè науката на нашиот Спасител, Бога.

11. Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе,

12. која нè воспитува да се откажеме од безбожноста и светските похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век,

13. очекувајќи ја блажената надеж и славното јавување на нашиот Сèмоќен Бог и Спасител, Исус Христос,

Прочитајте целосна глава Тит 2