Стар Завет

Нов Завет

Тит 1:4-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. благодат, милост и мир од Бог Таткото и Господа Исуса Христа, нашиот Спасител.

5. Затоа те оставив на Крит, за да го средиш несвршеното и за да поставиш старешини по сите градови, како што ти наредив:

6. ако е некој непорочен, маж на една жена, ако има деца кои веруваат, кои не се обвинети заради разузданост или непокорност;

7. зашто епископот како Божји домоуправител треба да биде непорочен: не самољубив, не гневлив, не пијаница, не тепач, не лаком за срамна печалба,

8. туку гостољубив, пријател на доброто, разумен, праведен, благочестив, воздржлив,

9. кој се држи цврсто за верното слово, согласно со науката, за да може и да опоменува во здравата наука и да ги изобличува оние кои се противат.

10. Имено, има многу непокорни, празнословци и измамници, особено од обрезаните,

11. на кои треба да им се затвори устата, зашто тие заради срамна печалба растураат цели домови, учејќи го она што не треба.

Прочитајте целосна глава Тит 1