11. на кои треба да им се затвори устата, зашто тие заради срамна печалба растураат цели домови, учејќи го она што не треба.
12. Еден од нив, нивен сопствен пророк, има речено: „Критјаните се секогаш лажливи, зли ѕверови, мрзливи трбуси!”
13. Ова сведоштво е вистинско. Затоа изобличи ги строго, за да бидат здрави во верата,
14. за да не им обрнуваат внимание на јудејските бајки и заповедите на луѓето кои се одвраќаат од вистината.
15. За чистите сè е чисто; а за оние кои се нечисти и кои не веруваат, ништо не е чисто, туку им се онечистени и разумот и совеста.
16. Исповедуваат дека Го познаваат Бога, но Го одречуваат со делата, како одвратни и непослушни и неподобни за какво и да е добро дело.