Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 8:29-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. зашто оние кои ги познаваше однапред, нив и ги предопредели да се преобразат според ликот на Неговиот Син, за Тој да биде Првороденец меѓу многуте браќа.

30. А оние кои ги предопредели, тие и ги повика; кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.

31. И така, што да речеме на ова? Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас?

32. Оној, Кој не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, како не ќе ни подари сè друго со Него?

33. Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог ли, Кој ги оправдува?

34. Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?

35. Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот?

36. Како што е напишано: „Заради Тебе нè убиваат постојано, нè сметаат како овци за клање.”

37. Но во сè ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нè возљуби.

38. Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите,

39. ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.

Прочитајте целосна глава Римјаните 8