Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 8:11-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Ако навистина во вас живее Духот на Оној, Кој Го воскресна Исуса од мртвите; Оној Кој Го воскресна Христа, ќе ги оживи и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.

12. Според тоа, браќа, не сме му должници на телото, за да живееме по телото.

13. Зашто, ако живеете по телото, ќе умрете; но ако преку Духот ги умртвувате телесните дејства - ќе живеете.

14. Сите оние, кои ги води Божјиот Дух - тие се Божји синови.

15. Имено, не го примивте духот на ропството, за да бидете пак во страв, туку го примивте Духот на посинувањето, со кој викаме: „Ава - Татко!”

16. Самиот Дух сведочи заедно со нашиот дух дека сме Божји чеда.

17. Ако сме чеда, тогаш сме и наследници: Божји наследници, а Христови сонаследници - ако страдаме со Него, со Него и да се прославиме.

18. Зашто сметам дека страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата, која ќе ни се открие нам.

Прочитајте целосна глава Римјаните 8