Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 8:1-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса, и одат не по телото, а по Духот.

2. Зашто законот на Духот на животот во Христа Исуса ме ослободи од законот на гревот и смртта.

3. Зашто тоа, што му беше невозможно на Законот, зашто беше слаб заради телото, Бог го изврши: испраќајќи Го - заради гревот - Својот Син во обличје слично на грешното тело и, поради грев, го осуди гревот во телото,

4. па, праведноста, што Законот ја бара, да се исполни во нас, - кои не одиме по телото, туку по Духот.

5. Зашто, кои се по телото, мислат за телото, додека оние, по Духот, мислат за нештата на Духот.

6. Бидејќи мудрувањето на телото, е смрт; а мудрувањето на Духот: живот и мир;

7. зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот Закон, ниту пак може.

8. Оние, кои се во телото, не можат да Му угодат на Бога.

9. Но вие не сте во телото, туку во Духот, ако Божјиот Дух навистина живее во вас. Но, ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов.

10. А ако е Христос во вас, тогаш телото е мртво заради гревот, а духот е жив заради правдата.

11. Ако навистина во вас живее Духот на Оној, Кој Го воскресна Исуса од мртвите; Оној Кој Го воскресна Христа, ќе ги оживи и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.

12. Според тоа, браќа, не сме му должници на телото, за да живееме по телото.

13. Зашто, ако живеете по телото, ќе умрете; но ако преку Духот ги умртвувате телесните дејства - ќе живеете.

14. Сите оние, кои ги води Божјиот Дух - тие се Божји синови.

15. Имено, не го примивте духот на ропството, за да бидете пак во страв, туку го примивте Духот на посинувањето, со кој викаме: „Ава - Татко!”

Прочитајте целосна глава Римјаните 8