Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 7:18-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Имено, јас знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело; зашто, желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа,

19. зашто не го правам доброто, што го сакам, туку го правам злото, што не го сакам.

20. А ако го правам она што не го сакам, не го правам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.

21. И така, го наоѓам овој закон: дека кога сакам да правам добро, злото е близу.

22. Вистина, со мојот внатрешен човек наоѓам наслада во Божјиот Закон,

Прочитајте целосна глава Римјаните 7