Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 7:17-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Зашто тоа веќе не го правам јас, туку гревот, кој живее во мене.

18. Имено, јас знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело; зашто, желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа,

19. зашто не го правам доброто, што го сакам, туку го правам злото, што не го сакам.

20. А ако го правам она што не го сакам, не го правам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.

21. И така, го наоѓам овој закон: дека кога сакам да правам добро, злото е близу.

22. Вистина, со мојот внатрешен човек наоѓам наслада во Божјиот Закон,

23. но, гледам друг закон во моите членови, кој војува против законот на мојот ум, и ме заробува под законот на гревот, што е во моите членови.

24. Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртоносно тело!

25. Му благодарам на Бога преку Исуса Христа, нашиот Господ!

26. И така, јас самиот со умот му служам на Божјиот Закон, а со телото на законот на гревот.

Прочитајте целосна глава Римјаните 7