Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 7:14-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас сум телесен, продаден, под грев.

15. Така, не знам што правам; зашто не го правам она, што го сакам, туку го правам она, што го мразам.

16. Ако пак го правам, она што не го сакам, се согласувам со Законот дека тој е добар.

17. Зашто тоа веќе не го правам јас, туку гревот, кој живее во мене.

18. Имено, јас знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело; зашто, желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа,

19. зашто не го правам доброто, што го сакам, туку го правам злото, што не го сакам.

20. А ако го правам она што не го сакам, не го правам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене.

21. И така, го наоѓам овој закон: дека кога сакам да правам добро, злото е близу.

22. Вистина, со мојот внатрешен човек наоѓам наслада во Божјиот Закон,

23. но, гледам друг закон во моите членови, кој војува против законот на мојот ум, и ме заробува под законот на гревот, што е во моите членови.

24. Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртоносно тело!

25. Му благодарам на Бога преку Исуса Христа, нашиот Господ!

Прочитајте целосна глава Римјаните 7