Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 7:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Или не знаете ли, браќа - им зборувам на оние, кои го познаваат Законот, дека законот има власт над човекот додека е жив?

2. Така, омажената жена преку закон е врзана за мажот, додека е тој жив; но ако мажот умре, слободна е од законот, што ја сврзал со мажот.

3. Според тоа, ако му стане жена на друг, додека нејзиниот маж живее, ќе биде прељубница; но ако мажот и умре, слободна е од законот, и не е прељубница, ако се омажи за друг.

4. Така и вие, браќа мои, умревте за законот преку Христовото тело, за да Му припаднете на Другиот, Кој воскресна од мртвите, за да Му донесеме плод на Бога.

5. Зашто, додека бевме во телото, во нашите членови дејствуваа грешни страсти, кои Законот ги побудуваше, така што ги донесувавме плодовите на смртта.

6. А сега, се ослободивме од Законот, откако умревме за оној, кој нè потчинуваше, за да служиме во нов дух, а не во старата буква.

7. И така, што да речеме? Дали е Законот грев? Далеку од тоа! Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: „Не ќе пожелуваш!”

8. А гревот најде повод во заповедта и предизвика во мене секаква желба, зашто без Закон - гревот е мртов.

9. И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта гревот оживе, а јас умрев;

10. и се покажа дека заповедта, што беше дадена за живот, ме водеше во смрт;

11. имено, гревот, откако доби повод во заповедта, ме заведе и ме уби преку неа.

12. Затоа Законот е свет; а и заповедта е света, и праведна, и добра.

Прочитајте целосна глава Римјаните 7