Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 6:6-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот,

7. зашто тој кој умрел, е оправдан од гревот.

8. А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него,

9. зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него.

10. Зашто, ако умрел - умрел за гревот еднаш засекогаш, а што живее - живее за Бога.

11. Така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Исуса Христа нашиот Господ!

12. И така, нека не царува гревот во вашето смртно тело, па да ги слушате неговите страсни желби!

13. И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата!

14. Имено, гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под Законот, туку под благодатта.

15. Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде!

16. Не знаете ли: ако некому му се предадете за робови во послушност - робови сте му на оној, кому му се покорувате: или на гревот - за смрт; или на послушноста - за праведност?

Прочитајте целосна глава Римјаните 6