Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 6:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, што ќе речеме? Да останеме ли и натаму во гревот, за да се умножи благодатта?

2. Далеку од тоа! Ние, кои умревме за гревот, како ќе живееме уште во него?

3. Или зар не знаете дека сите ние, кои сме крстени во Исуса Христа, крстени сме во Неговата смрт?

4. И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со Него, - та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Таткото, - така и ние да одиме во нов живот.

5. Зашто ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото.

6. Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот,

7. зашто тој кој умрел, е оправдан од гревот.

8. А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него,

Прочитајте целосна глава Римјаните 6