Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 4:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Имено, ако се наследници само оние од Законот, тогаш верата е без значење; и ветувањето е поништено.

15. Зашто Законот донесува гнев; а каде нема Закон нема ни престапување!

16. Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, така што ветувањето да му биде обезбедено на сето потомство; не само на она од Законот, туку и на она од Авраамовата вера; кој е татко на сите нас,

17. како што е напишано: „Те поставив татко на многу народи” - пред Бога; Кому Му поверува; Кој ги оживува мртвите и ги повикува оние нешта што не се во битие.

18. Без надеж, тој се надеваше и поверува дека ќе стане татко на многу народи, според реченото: „Такво ќе биде твоето семе.”

19. И не ослабна во верата, кога го имаше во предвид своето веќе умртвено тело, зашто беше околу сто години, и умртвеноста на Сарината утроба;

Прочитајте целосна глава Римјаните 4