Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 2:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Ти, кој зборуваш да не се прави прељуба, не вршиш ли прељуба? Ти, кој се гнасиш од идолите, ги ограбуваш ли нивните храмови?

23. Ти, кој се фалиш со Законот, Го обесчестуваш ли Бога со престапување на Законот?

24. ”Па заради вас се хули Божјото име меѓу народите” - како што е напишано.

25. Секако, обрезанието е полезно, ако го исполнуваш Законот; но ако си престапник на Законот, твоето обрезание станува необрезание.

26. И така, ако необрезаниот ги пази прописите на Законот, нема ли неговото необрезание да му биде сметано како обрезание?

Прочитајте целосна глава Римјаните 2