Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 2:17-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Ако ти, кој се наречуваш Јудеец, се потпираш на Законот и се фалиш со Бога,

18. ја знаеш Неговата волја и, поучен од Законот, знаеш да го избереш подоброто;

19. и си уверен дека си водач на слепци, светлина на оние, кои се во темнина,

20. воспитач на неразумните, учител на младите, зашто имаш во Законот олицетворување на знаењето и вистината;

21. и така, ти, кој го учиш другиот, не ли се учиш самиот себе? Ти, кој проповедаш да не се краде, крадеш ли?

22. Ти, кој зборуваш да не се прави прељуба, не вршиш ли прељуба? Ти, кој се гнасиш од идолите, ги ограбуваш ли нивните храмови?

23. Ти, кој се фалиш со Законот, Го обесчестуваш ли Бога со престапување на Законот?

Прочитајте целосна глава Римјаните 2