Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 14:13-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Затоа, да не се осудуваме веќе еден друг, туку подобро да мислиме за тоа: никој да не поставува пред братот сопки или соблазни!

14. Знам, и уверен сум во Господа Исуса, дека ништо не е нечисто само по себе, туку само за оној, кој смета дека нешто е нечисто - нему му е нечисто.

15. Зашто, ако се жалости твојот брат заради јадење, ти веќе не постапуваш според љубовта. Не погубувај го со твоето јадење оној, за кого Христос умрел.

16. И така, не дозволувајте да се хули на вашето добро!

17. Зашто Божјото Царство не се состои во јадење и пиење, туку во правда, и мир и радост во Светиот Дух.

18. Имено, кој со ова Му служи на Христа, угоден Му е на Бога и мил им е на луѓето.

19. И така, да го бараме она, што е за мир и за заемна надградба!

20. Не разурнувај го Божјото дело - заради јадење! Сè е чисто; но е зло за човекот, кој јаде на соблазан.

21. Добро е да не се јаде месо, ниту да се пие вино, ни да се прави нешто, поради што твојот брат се сопнува или соблазнува, или слабее.

22. Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога! Блажен е оној, кој не се осудува себеси за она, што го смета за добро.

23. А кој се сомнева кога јаде, се осудува, зашто не е од вера; а сè што не е од вера, грев е.

Прочитајте целосна глава Римјаните 14