Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 11:29-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Зашто Божјите дарови и Неговиот позив не го познаваат каењето.

30. Како што и вие му бевте некогаш непокорни на Бога, а сега добивте милост поради нивното непокорство,

31. така и тие станаа сега непокорни, заради вашето помилување, за да бидат и тие помилувани.

32. Зашто Бог ги затвори сите во непокорство, за да покаже милост кон сите.

33. О длабочино на богатството, премудроста и Божјото знаење! Колку се недостижни Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта!

34. Зашто кој ја запознал Господовата мисла? Или кој Му бил советник?

35. Или кој Му дал нешто однапред, за да му биде вратено?”

36. Зашто сè е од Него, преку Него и за Него. Нему слава во векови. Амин!

Прочитајте целосна глава Римјаните 11