Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 11:27-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. И ова им е Завет од Мене кон нив, кога ќе им ги отстранам гревовите.”

28. Со оглед на Евангелието, тие се непријатели заради вас, но по изборот возљубени се, заради татковците.

29. Зашто Божјите дарови и Неговиот позив не го познаваат каењето.

30. Како што и вие му бевте некогаш непокорни на Бога, а сега добивте милост поради нивното непокорство,

31. така и тие станаа сега непокорни, заради вашето помилување, за да бидат и тие помилувани.

32. Зашто Бог ги затвори сите во непокорство, за да покаже милост кон сите.

Прочитајте целосна глава Римјаните 11