Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 11:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, прашувам: „Дали Бог го отфрли Својот народ? Далеку од тоа! Зашто и јас сум Израелец, од Авраамовото потомство, од Венијаминовото племе.

2. Бог не го отфрли Својот народ, кого го знаеше однапред. Или не знаете што вели Писмото, за Илија, како вика кон Бога против Израел, велејќи:

3. ”Господи, ги погубија Твоите пророци, ги разурнаа Твоите жртвеници; а јас останав сам, па и мојот живот го бараат.”

4. А што му вели Божјиот одговор: „Си оставив за себе седум илјади луѓе, кои не ги преклонија колената пред Ваала.”

5. Така е и во сегашното време, остана еден Остаток избран по благодатта.

6. Но, ако е по благодат, тогаш не е по дела; зашто инаку благодатта не би била веќе благодат.

7. Тогаш што? Израел не го доби она, што го бараше, а избраните го добија; а другите беа закоравени,

8. како што е напишано: „Бог им даде дух на мртвило, очи да не гледаат и уши да не слушаат до денешниот ден.”

9. И Давид зборува: „Нивната трпеза да им биде стапица, и мрежа и соблазан и одмазда!

10. Очите нека им се помрачат, за да не гледаат! А плеќите свиткај им ги засекогаш!”

11. И така прашувам: да не се сопнаа, за да паднат сосем? Да не биде! Туку преку нивното сопнување им дојде спасение на народите, за да ги поттикнат на ревност.

Прочитајте целосна глава Римјаните 11