Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 10:5-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Зашто, Мојсеј пишува за праведноста, која е од Законот: „Човекот, кој ја исполнува, ќе живее од неа.”

6. А праведноста, која е од верата, зборува вака: „Да не речеш во своето срце: „Кој ќе се искачи на небото?” односно, да Го симне Христа;

7. или: „Кој ќе слезе во бездната?” односно, да Го изведе Христа од мртвите!

8. Но што зборува таа: „Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце,” односно, словото на верата, која ја проповедаме.

9. Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.

10. Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение,

11. зашто Писмото вели: „Секој, кој верува во Него, нема да се засрами.”

12. Но нема разлика меѓу Јудеец и Грк; зашто еден и ист е Господ на сите; богат за сите, кои Го повикуваат,

13. зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.”

14. Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?

15. И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: „Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!”

16. Но сите не го послушаа Евангелието, зашто Исаија вели: „Господи, кој и поверувал на нашата проповед?”

17. И така, верата доаѓа од слушањето, а слушањето од Христовото слово.

18. Но велам: „Зар тие не слушнаа?” Напротив: „Гласот им излезе по целата земја, и нивните зборови до крајот на светот.”

19. Пак прашувам: „Зар Израел не разбра? Мојсеј прв рече: „Јас ќе предизвикам ревност во вас - преку оние, што не се народ и ќе разбудам во вас гнев, против еден неразумен народ.”

20. А Исаија пак се осмелува да рече: „Ме најдоа оние, кои не Ме бараа, и им се јавив на оние, кои не прашуваа за Мене.”

Прочитајте целосна глава Римјаните 10