Стар Завет

Нов Завет

Откровение 2:24-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. А вам и на другите во Тиатир, кои не го држат ова учење, кои - како што велат - не ги запознаа сатанските длабочини, ви велам: не ви наложувам друго бреме.

25. Но држете го она, што го имате, додека дојдам.

26. И на оној, кој победува, и ги пази Моите дела до крај, нему ќе му дадам власт над народите,

27. и ќе ги пасе со железна палка; и тие ќе се строшат како глинени садови; како што и Јас примив од Мојот Татко.

28. И ќе му ја дадам ѕвездата Деница.

29. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите!”

Прочитајте целосна глава Откровение 2