Стар Завет

Нов Завет

Откровение 2:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На ангелот на црквата во Ефес напиши му: ова го зборува Оној, Кој ги држи седумте ѕвезди во Својата десница, Кој оди среде седумте златни светилници.

2. Ги знам твоите дела и твојот труд и твоето трпение; и дека не можеш да ги поднесуваш лошите, и ги испита оние, кои тврдеа дека се апостоли, а не се, и најде дека се лажци;

3. и имаш трпение, и си претрпел за Моето име, си се трудел, и не се умори.

4. Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов.

5. И така, спомни си од каде падна, и покај се, и врши ги своите први дела; а ако не, скоро ќе дојдам при тебе и ќе го отстранам твојот светилник од неговото место, ако не се покаеш.

6. Туку ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, кои и Јас ги мразам.

7. Кој има уво, нека чуе, што им говори Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, кое што е среде Божјиот рај!”

8. И на ангелот на црквата во Смирна напиши му: „Ова го зборува Првиот и Последниот, Кој умре и оживе:

9. ги знам твоите дела неволјата и сиромаштвото - но ти си богат - и хулите на оние, кои зборуваат дека се Јудејци, а не се, туку се сатанска синагога.

Прочитајте целосна глава Откровение 2