Стар Завет

Нов Завет

Откровение 18:20-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Веселете се над неа, небо и вие свети, и вие апостоли, и вие пророци, зашто Бог го изврши вашиот суд над неа.

21. И еден силен ангел подигна камен, голем како воденички камен и го фрли во морето, велејќи: „Со вакво замавнување ќе биде фрлен големиот град Вавилон, и нема веќе да се најде!”

22. И глас на китаристи и свирачи и флејтисти и трубачи, нема веќе да се чуе во тебе; и никаков уметник од ниедна уметност нема веќе да се најде во тебе; и шум од воденица нема веќе да се чуе во тебе;

23. и светлината на светилото нема веќе да свети во тебе; и глас на младоженец и невеста нема веќе да се чуе во тебе; зашто твоите трговци беа големци на земјата; зашто со твоите вражања беа измамени сите народи,

24. и во неа се најде крвта на пророците и на светите и на сите, кои беа заклани на земјата.

Прочитајте целосна глава Откровение 18