Стар Завет

Нов Завет

Откровение 16:7-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. И чув друг ангел од жртвеникот да зборува: „Да, Господи Боже, Сèмоќен, Твоите судови се вистински и праведни!”

8. И четвртиот ја излеа својата чаша на сонцето: и му беше дадено да ги пали луѓето со оган.

9. И луѓето, горејќи од големата жега го похулија името на Бога, Кој има власт над овие зла, и не се покајаа да Му воздадат слава.

10. И петтиот ја излеа својата чаша врз престолот на Ѕверот и царството му се помрачи и ги гризеа своите јазици од мака.

11. И Го похулија небесниот Бог, заради своите маки и рани, и не се покајаа од своите дела.

12. И шестиот ја излеа својата чаша врз големата река Еуфрат: и пресуши неговата вода, за да им се приготви патот на царевите од исток на сонцето.

13. И видов како од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегуваат три нечисти духа како жаби;

14. имено, тоа се демонски духови, кои прават чуда и одат при царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во великиот ден на Бога Сèмоќниот.

15. И ете, идам како крадец; блажен е оној, кој бдее и ги пази своите облеки, за да не оди гол и да не се гледа неговиот срам.

16. И ги собра на местото на еврејски наречено Армагедон” (Рид на Мегидо).

17. И седмиот ја излеа својата чаша во воздухот: и од храмот излезе силен глас, од престолот, велејќи: „Се заврши!”

18. И настанаа молњи и гласови и громови, и настана голем земјотрес, каков никогаш не бил, откако се луѓето на земјата; таков земјотрес, толку силен.

Прочитајте целосна глава Откровение 16