Стар Завет

Нов Завет

Откровение 16:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. И првиот отиде и ја излеа својата чаша на земјата: и се појави лоша и лута рана на луѓето, кои ја имаа ознаката на Ѕверот и кои му се поклонуваа на неговиот лик.

3. И вториот ја излеа својата чаша во морето: и стана како крв од мртовец и умре секое живо суштество во морето.

4. И третиот ја излеа својата чаша во реките и во водните извори: и тие станаа крв.

5. И го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, и Кој си бил, зашто пресуди така;

6. зашто тие ја пролеаја крвта на светите и на пророците, и крв им даде да пијат, тоа го заслужуваат!”

7. И чув друг ангел од жртвеникот да зборува: „Да, Господи Боже, Сèмоќен, Твоите судови се вистински и праведни!”

8. И четвртиот ја излеа својата чаша на сонцето: и му беше дадено да ги пали луѓето со оган.

9. И луѓето, горејќи од големата жега го похулија името на Бога, Кој има власт над овие зла, и не се покајаа да Му воздадат слава.

Прочитајте целосна глава Откровение 16