Стар Завет

Нов Завет

Откровение 14:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. И чув глас од небото, како шум на многу води и како грмеж од силен гром; а гласот, што го чув, беше како од китаристи, кои свират на своите китари.

3. И пееја нова песна пред престолот и пред четирите живи суштества и пред старешините, и никој не можеше да ја научи песната, освен оние сто и четириесет и четири илјади, кои беа откупени од земјата.

4. Тоа се оние, кои не се осквернија со жени; имено, тоа се девственици. Тие одат по Јагнето, каде и да оди. Тие се откупени меѓу луѓето, како првенци на Бога и на Јагнето,

5. и лага не се најде во нивната уста; тие се непорочни.

6. И видов друг ангел како лета посреде небото, имајќи вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ,

7. и зборуваше со силен глас: „Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори.

8. И друг, втор, ангел дојде по него, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство.”

Прочитајте целосна глава Откровение 14