Стар Завет

Нов Завет

Откровение 14:13-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. И чув глас од небото, што ми велеше: „Напиши: Блажени се мртвите, кои отсега умираат во Господа. ‘Да, вели Духот, нека починат од своите трудови, зашто нивните дела одат по нив.’

14. И видов, и ете, бел облак, а на облакот седеше Еден сличен на Човечкиот Син, со златна круна на главата и со остар срп во раката.

15. И еден друг ангел излезе од храмот и му извика со силен глас на Оној, Кој седеше на облакот: „Испрати го својот срп и жниј, зашто дојде твојот час за жниење, зашто е зрела жетвата на земјата. „

16. И оној, кој седеше на облакот, го фрли својот срп на земјата, и земјата беше пожнеана.

17. И друг ангел излезе од храмот, што е во небото, и тој имаше остар срп.

18. И друг ангел, кој имаше власт над огнот дојде од жртвеникот, и му извика со силен глас на оној, кој имаше остар срп: ‘Испрати го својот остар срп, и обери го грозјето од земното лозје, зашто неговото грозје е веќе зрело.’

19. И ангелот го фрли својот срп на земјата, и го обра земното лозје и го стави во големата каца на Божјиот гнев.

20. И кацата беше изгазена надвор од градот, и од кацата потече крв до уздите на коњите, на растојание од илјада и шестотини стадии.

Прочитајте целосна глава Откровение 14