Стар Завет

Нов Завет

Откровение 12:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Затоа, веселете се небеса и вие, кои живеете во нив. Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слезе при вас со голем гнев, знаејќи дека има малку време,”

13. И кога змевот виде дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената, која го родила машкото.

14. На жената пак и ги дадоа двете крила на големиот орел, за да одлета во пустината на своето место, каде е хранета за едно време, и две времиња, и време ипол, настрана од лицето на змијата.

15. А змијата испушти од својата уста вода како река по жената, за да ја однесе со реката.

16. Но земјата и помогна на жената, и земјата ја отвори својата уста и ја испи реката, што змевот ја испушти од својата уста.

17. И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво.

Прочитајте целосна глава Откровение 12