10. И чув силен глас во небото како зборува: „Сега дојде спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Помазаник, зашто е отфрлен обвинителот на нашите браќа, кој ги обвинуваше пред нашиот Бог, дење и ноќе.
11. И тие го победија заради крвта на Јагнето и заради словото на своето сведоштво, и не го засакаа својот живот, дури и до смртта.
12. Затоа, веселете се небеса и вие, кои живеете во нив. Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слезе при вас со голем гнев, знаејќи дека има малку време,”
13. И кога змевот виде дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената, која го родила машкото.
14. На жената пак и ги дадоа двете крила на големиот орел, за да одлета во пустината на своето место, каде е хранета за едно време, и две времиња, и време ипол, настрана од лицето на змијата.
15. А змијата испушти од својата уста вода како река по жената, за да ја однесе со реката.
16. Но земјата и помогна на жената, и земјата ја отвори својата уста и ја испи реката, што змевот ја испушти од својата уста.
17. И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво.