Стар Завет

Нов Завет

Откровение 10:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. туку во деновите на гласот на седмиот ангел, кога ќе затруби, ќе се исполни Божјата тајна, како што им проповедуваше на своите слуги - пророците.

8. И гласот, што го чув од небото, пак проговори со мене и рече: „Оди, земи го малиот книжен свиток што е отворен, во раката на ангелот, кој стои на морето и на земјата!”

9. И отидов при ангелот и му реков да ми го даде малиот свиток. И ми рече: „Земи го и изеди го! И ќе ти ја направи утробата горчлива; но во твојата уста ќе биде благ како мед.”

10. И го зедов малиот свиток од раката на ангелот и го изедов; и во мојата уста беше сладок како мед, но кога го изедов, мојата утроба стана горчлива.”

11. И ми беше речено: „Треба повторно да пророкуваш за многу народи, народности, јазици и цареви.”

Прочитајте целосна глава Откровение 10