Стар Завет

Нов Завет

Откровение 10:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. А кога седумте громови проговорија со своите гласови, сакав да пишувам; тогаш чув глас од небото, што зборуваше: „Запечати го тоа, што го рекоа седумте громови, и не пишувај го!”

5. И ангелот, кого го видов да стои на морето и на земјата, ја крена својата десница кон небото

6. и се заколна во Оној, Кој живее во вечни векови; Кој го создаде небото и што е во него, и земјата и што е на неа, и морето и што е во него: дека не ќе има веќе време;

7. туку во деновите на гласот на седмиот ангел, кога ќе затруби, ќе се исполни Божјата тајна, како што им проповедуваше на своите слуги - пророците.

8. И гласот, што го чув од небото, пак проговори со мене и рече: „Оди, земи го малиот книжен свиток што е отворен, во раката на ангелот, кој стои на морето и на земјата!”

Прочитајте целосна глава Откровение 10