Стар Завет

Нов Завет

Матеј 9:18-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Додека им зборуваше за тоа, ете, еден началник на синагогата дојде, падна пред Него ничкум и рече: „Мојата ќерка умре сега; туку дојди и положи ја Својата рака на неа, и таа ќе живее.”

19. И Исус стана и го следеше, со Своите ученици.

20. И ете, жена, која боледуваше дванаесет години од крварење Му се приближи одназад и се допре до ресите на неговата облека.

21. Зашто си велеше во себеси: „Само ако се допрам до Неговата облека, ќе се излечам.”

22. А Исус се сврте, ја виде и и рече: „Охрабри се, ќерко. Твојата вера те исцели.” И жената беше исцелена од тој час.

23. И кога Исус дојде во куќата на началникот, ги виде свирачите и народот како вика,

24. и рече: „Отстранете се, зашто девојчето не е умрено, туку спие.” И тие Му се потсмевнуваа.

25. Откако го истера народот, влезе и ја фати за рака, и девојчето стана.

26. И гласот за тоа се рашири по сета онаа земја.

27. И кога Исус си одеше оттаму, двајца слепци Го следеа, викајќи и зборувајќи: „Смилувај ни се, Сине Давидов!”

28. А кога дојде во куќата, слепците Му пристапија, а Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?” Му рекоа: „Да, Господи!”

29. Тогаш ги допре нивните очи, велејќи: „Нека ви биде според вашата вера.”

30. И очите им се отворија. И Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не научи за тоа!”

Прочитајте целосна глава Матеј 9