Стар Завет

Нов Завет

Матеј 9:11-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Штом фарисеите го видоа тоа, им рекоа на Неговите ученици: „Зошто вашиот Учител јаде со цариниците и грешниците?”

12. А Тој, кога го чу тоа, рече: „На здравите не им треба лекар, туку на болните!

13. Но, одете и научете што значи: ‘Милост сакам, а не жртви’; зашто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание.”

14. Тогаш Јовановите ученици дојдоа при Него и рекоа: „Зошто ние и фарисеите постиме многу, а Твоите ученици не постат?”

15. А Исус им рече: „Можат ли сватовите да жалат, додека е младоженецот со нив? Но, ќе дојдат дни кога ќе им се одземе младоженецот; и тогаш ќе постат.

16. Никој не става крпа од ново сукно на стара облека, зашто крпежот ќе кине од облеката и скинатото станува полошо.

17. Ниту ново вино се налева во стари мевови; инаку мевовите се кинат, виното истечува и мевовите пропаѓаат. Туку ново вино се налева во нови мевови, па се запазуваат и двете заедно.”

18. Додека им зборуваше за тоа, ете, еден началник на синагогата дојде, падна пред Него ничкум и рече: „Мојата ќерка умре сега; туку дојди и положи ја Својата рака на неа, и таа ќе живее.”

19. И Исус стана и го следеше, со Своите ученици.

20. И ете, жена, која боледуваше дванаесет години од крварење Му се приближи одназад и се допре до ресите на неговата облека.

21. Зашто си велеше во себеси: „Само ако се допрам до Неговата облека, ќе се излечам.”

22. А Исус се сврте, ја виде и и рече: „Охрабри се, ќерко. Твојата вера те исцели.” И жената беше исцелена од тој час.

23. И кога Исус дојде во куќата на началникот, ги виде свирачите и народот како вика,

Прочитајте целосна глава Матеј 9