Стар Завет

Нов Завет

Матеј 8:31-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. А демоните Го молеа, велејќи: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме во свињите.”

32. И им рече: „Отидете!” А тие излегоа и отидоа во свињите; и ете, целото стадо се стрча низ карпата во морето, и загина во водите.

33. А свињарите побегнаа, и штом дојдоа во градот, известија за сè, и за она што им се случи на опседнатите.

34. И ете, целиот град Му излезе во пресрет на Исуса, и кога Го видоа Го замолија да си отиде од нивниот крај.

Прочитајте целосна глава Матеј 8