Стар Завет

Нов Завет

Матеј 8:24-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. И ете, голема бура се подигна во морето, така што брановите го покриваа коработ; а Тој спиеше.

25. И Му пристапија учениците и Го разбудија, велејќи: „Господи, спаси нè! Загинуваме!”

26. И им рече: „Зошто се боите, маловерни?” Тогаш стана, ги прекори ветровите и морето, и настана голема тишина.

27. А луѓето се зачудија и рекоа: „Каков е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат!?”

28. И кога дојде на другата страна, во Гадаринската земја, Го сретнаа двајца опседнати од демони, кои излегоа од гробовите, многу свирепи, така што никој не можеше да помине по оној пат.

29. И ете, извикаа, велејќи: „Што имаш со нас Ти, Исусе Сине Божји! Дали дојде ваму, за да нè измачуваш пред време?”

30. А далеку од нив пасеше големо стадо свињи.

31. А демоните Го молеа, велејќи: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме во свињите.”

32. И им рече: „Отидете!” А тие излегоа и отидоа во свињите; и ете, целото стадо се стрча низ карпата во морето, и загина во водите.

33. А свињарите побегнаа, и штом дојдоа во градот, известија за сè, и за она што им се случи на опседнатите.

34. И ете, целиот град Му излезе во пресрет на Исуса, и кога Го видоа Го замолија да си отиде од нивниот крај.

Прочитајте целосна глава Матеј 8