Стар Завет

Нов Завет

Матеј 8:17-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој ги зеде нашите слабости и ги понесе нашите болести.”

18. А кога Исус виде големо мноштво околу Себе, заповеда да отпловат на другата страна.

19. И пристапувајќи Му еден книжник Му рече: „Учителе, јас ќе Те следам каде и да одиш.”

20. А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небесни - гнезда, а Синот Човечки нема каде да ја положи главата.”

21. А друг од Неговите ученици Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам и да го погребам татка си.”

22. А Исус му рече: „Следи Ме и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци.”

23. И кога влезе во коработ, Неговите ученици Го следеа.

24. И ете, голема бура се подигна во морето, така што брановите го покриваа коработ; а Тој спиеше.

Прочитајте целосна глава Матеј 8