Стар Завет

Нов Завет

Матеј 8:15-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Ја допре раката нејзина, и треската ја остави, и таа стана и им служеше.

16. А кога настапи вечер, Му доведоа многу опфатени од демони. Тој со збор ги истера духовите и ги исцели сите болни.

17. За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој ги зеде нашите слабости и ги понесе нашите болести.”

18. А кога Исус виде големо мноштво околу Себе, заповеда да отпловат на другата страна.

19. И пристапувајќи Му еден книжник Му рече: „Учителе, јас ќе Те следам каде и да одиш.”

20. А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небесни - гнезда, а Синот Човечки нема каде да ја положи главата.”

21. А друг од Неговите ученици Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам и да го погребам татка си.”

22. А Исус му рече: „Следи Ме и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци.”

23. И кога влезе во коработ, Неговите ученици Го следеа.

24. И ете, голема бура се подигна во морето, така што брановите го покриваа коработ; а Тој спиеше.

25. И Му пристапија учениците и Го разбудија, велејќи: „Господи, спаси нè! Загинуваме!”

26. И им рече: „Зошто се боите, маловерни?” Тогаш стана, ги прекори ветровите и морето, и настана голема тишина.

Прочитајте целосна глава Матеј 8