Стар Завет

Нов Завет

Матеј 8:11-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. И ви велам дека мнозина ќе дојдат од исток и од запад, и ќе седнат со Авраама, Исака и Јакова во царството небесно;

12. а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајна темнина, каде ќе биде плач и чкртање на заби.”

13. И Исус му рече на стотникот: „Оди си, нека ти биде, како што си верувал.” И неговиот слуга оздраве во истиот час.

14. И кога Исус дојде во Петровиот дом, ја виде неговата тешта како лежи болна од треска.

15. Ја допре раката нејзина, и треската ја остави, и таа стана и им служеше.

16. А кога настапи вечер, Му доведоа многу опфатени од демони. Тој со збор ги истера духовите и ги исцели сите болни.

17. За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој ги зеде нашите слабости и ги понесе нашите болести.”

18. А кога Исус виде големо мноштво околу Себе, заповеда да отпловат на другата страна.

19. И пристапувајќи Му еден книжник Му рече: „Учителе, јас ќе Те следам каде и да одиш.”

20. А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небесни - гнезда, а Синот Човечки нема каде да ја положи главата.”

21. А друг од Неговите ученици Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам и да го погребам татка си.”

22. А Исус му рече: „Следи Ме и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци.”

Прочитајте целосна глава Матеј 8