Стар Завет

Нов Завет

Матеј 7:19-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган.

20. И така: ќе ги препознаете по нивните плодови.”

21. ”Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата.

22. Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ‘Господи, Господи, не пророкувавме ли во Твое име; не изгонувавме ли бесови во Твое име; и не правевме ли многу чуда во Твое име?’

23. И тогаш Јас ќе им изјавам: ‘Никогаш Јас не сум ве познавал; одете си од Мене вие, кои правите беззаконие!’

24. ”И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек, кој ја изградил својата куќа на камен.

25. И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не се разурна, зашто беше заснована на камен.

26. И секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа на песок.

27. И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и нејзиното паѓање беше големо.”

28. И кога Исус ги заврши овие зборови, народот се чудеше на Неговото учење;

29. зашто ги учеше како Оној, Кој има власт, а не како нивните книжници.

Прочитајте целосна глава Матеј 7