Стар Завет

Нов Завет

Матеј 4:7-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Исус му рече: „Напишано е повторно: ‘Не искушувај Го Господа, твојот Бог’!”

8. Ѓаволот пак Го одведе на многу висока гора и Му ги покажа сите царства на светов и нивната слава,

9. и Му рече: „Ќе Ти го дадам сè ова ако паднеш и ми се поклониш.”

10. Тогаш Исус му рече: „Оди си, сатано, зашто е напишано: ‘На Господа, твојот Бог, ќе Му се поклонуваш и ќе Му служиш само Нему!’”

11. Тогаш ѓаволот Го остави и, ете, ангели дојдоа и Му служеа.

12. А кога чу дека Јован е предаден, се повлече во Галилеја.

13. И откако го напушти Назарет, дојде и се насели во Капернаум, крај морето, во пределите Завулонови и Нефталимови,

14. за да се исполни она што го рече пророкот Исаија:

15. ”Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, од другата страна на Јордан, Галилеја на народите;

16. народот, кој седеше во темнина, виде голема Светлина, и на оние, кои седеа во пределот и сенката на смртта, на нив им изгреа Светлина.”

17. Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто царството небесно се приближи!”

Прочитајте целосна глава Матеј 4