Стар Завет

Нов Завет

Матеј 3:3-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Зашто тој е оној, за кого пророкот Исаија рече: „Гласот на оној, кој вика во пустината: Пригответе го патот на Господа, направете ги прави Неговите патеки!

4. А сам Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините; а скакулците и дивиот мед му беа храна.

5. Тогаш излегуваа кон него: Ерусалим, цела Јудеја и целата Јорданска околина,

6. и тој ги крштаваше во реката Јордан, а тие ги исповедуваа своите гревови.

7. Штом виде многу фарисеи и садукеи дека доаѓаат да ги крсти, им рече: „Породи змијски, кој ве предупреди да бегате од гневот што доаѓа?

8. Затоа, принесувајте плодови достојни на покајание,

9. и не мислете да речете во себеси: Авраам е наш татко, зашто ви велам, Бог може од овие камења да му издигне чеда на Авраама.

10. Секирата веќе лежи при коренот на дрвјата; затоа секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.

11. Јас ве крштавам во вода за покајание; но Оној, Кој доаѓа по мене е посилен од мене, Кому јас не сум достоен да Му ги понесам обувките. Тој ќе ве крсти во Светиот Дух и оган.

12. Лопатата е во Неговата рака, и ќе го очисти Своето гумно, и ќе го собере Своето жито во житницата; а плевата ќе ја изгори со неизгорлив оган.”

13. Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована, за да се крсти од него.

14. А Јован го одвраќаше, велејќи: „Јас имам потреба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш при мене?”

Прочитајте целосна глава Матеј 3