Стар Завет

Нов Завет

Матеј 27:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога се раздени, сите свештенички главатари и народните старешини се советуваа против Исуса, за да Го убијат.

2. И Го врзаа, Го одведоа и му Го предадоа на управителот Понтиј Пилат.

3. Тогаш Јуда, кој Го предаде, откако виде дека Го осудија, се покаја и ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и на старешините;

4. велејќи: „Згрешив, зашто предадов невина крв.” А тие му рекоа: „Што ни е нам? Гледај ти!”

5. Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде и се обеси.

6. А првосвештениците ги зедоа сребрениците и рекоа: „Не чини да се остават во храмската благајна, зашто се цена за крв.”

7. Туку, откако се посоветуваа, ја купија со нив Грнчаревата Нива за гробишта за странци.

8. Затоа таа нива до денес се вика Крвна Нива.

9. Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија; кој вели: „И ги зедоа триесетте сребреници, цената на Оценетиот, Кого Го оценија Израелевите синови,

10. и ги дадоа за Грнчаревата Нива, како што ми нареди Господ.”

11. А кога Исус застана пред управителот, и управителот Го праша: „Ти ли си Јудејски цар?” А Исус рече: „Ти велиш”.

Прочитајте целосна глава Матеј 27