35. Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.”
36. ”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко.
37. Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на Човечкиот Син.
38. Зашто, како во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и мажеа, до денот кога Ное влезе во ковчегот,
39. и не знаеја додека не дојде потопот и однесе сè, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.
40. Тогаш двајца ќе бидат на полето, еден ќе биде однесен, а другиот оставен.
41. Две жени ќе мелат на мелница; едната ќе биде однесена, а другата оставена.
42. Затоа, бдејте, зашто не знаете кога ќе дојде вашиот Господ!
43. А знајте го ова: ако домаќинот би знаел во која ноќна стража ќе дојде крадецот, би бдеел и не би дозволил да му се поткопа куќата.
44. Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.”
45. И така, кој е оној верен и благоразумен слуга, кого господарот го поставил над слугите свои, за да им дава храна навреме?
46. Блажен е оној слуга, кого неговиот господар - кога ќе дојде - ќе го најде да прави така.
47. Вистина ви велам: ќе го постави над сиот свој имот.
48. Ако пак оној зол слуга рече во своето срце: ‘Мојот господар ќе се забави долго, ‘
49. па почне да ги бие своите сослужители, и да јаде и да пие со пијаниците,
50. господарот на оној слуга ќе дојде во ден, кога не очекува, и во час, што не го знае,
51. па ќе го пресече и ќе го стави меѓу лицемерите. Таму ќе биде плач и чкртање со заби.”