Стар Завет

Нов Завет

Матеј 24:32-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. ”А од смоквата научете ја поуката! Кога нејзината гранка ќе смекне и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу.

33. Така и вие, кога ќе го видите сè тоа, знајте дека е близу - пред вратата!

34. Вистина ви велам, ова поколение нема да помине додека не се збидне сè тоа.

35. Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.”

36. ”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко.

37. Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на Човечкиот Син.

38. Зашто, како во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и мажеа, до денот кога Ное влезе во ковчегот,

39. и не знаеја додека не дојде потопот и однесе сè, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.

40. Тогаш двајца ќе бидат на полето, еден ќе биде однесен, а другиот оставен.

41. Две жени ќе мелат на мелница; едната ќе биде однесена, а другата оставена.

42. Затоа, бдејте, зашто не знаете кога ќе дојде вашиот Господ!

Прочитајте целосна глава Матеј 24