Стар Завет

Нов Завет

Матеј 24:24-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните.

25. Ете, ви реков однапред!

26. И така, ако ви речат: ‘Ене Го во пустината!’- не излегувајте! ‘Ене Го во една од внатрешните соби!’- не верувајте.

27. Зашто, како што молњата излегува од исток и светка до запад, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.

28. Каде ќе биде трупот, таму орлите ќе се собираат!”

29. ”Веднаш по тагата на тие денови, сонцето ќе потемни; месечината нема да ја дава својата светлина; и ѕвездите ќе паѓаат од небото, и небесните сили ќе се расклатат.

30. И тогаш ќе се јави на небото знакот на Човечкиот Син; и тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата и ќе Го видат Човечкиот Син, како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава.

31. И Тој ќе ги испрати Своите ангели со силен глас на труба и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот крај на небото до другиот.”

32. ”А од смоквата научете ја поуката! Кога нејзината гранка ќе смекне и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу.

33. Така и вие, кога ќе го видите сè тоа, знајте дека е близу - пред вратата!

34. Вистина ви велам, ова поколение нема да помине додека не се збидне сè тоа.

35. Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.”

Прочитајте целосна глава Матеј 24