Стар Завет

Нов Завет

Матеј 24:18-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. и кој ќе биде во полето, нека не се враќа за да ја земе наметката!

19. Горко им на бремените и на доилките во тие денови!

20. Молете се вашето бегство да не биде во зима или во сабота,

21. зашто тогаш ќе биде голема мака, каква не била од создавањето на светот досега, ниту ќе биде.

22. И ако не би се скратиле тие дни, не би се спасило ниедно тело. Но заради избраните ќе бидат скратени тие дни.”

23. ”Ако некој ви рече тогаш: ‘Еве, Христос е тука’ или ‘таму’- не верувајте,

24. зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните.

25. Ете, ви реков однапред!

26. И така, ако ви речат: ‘Ене Го во пустината!’- не излегувајте! ‘Ене Го во една од внатрешните соби!’- не верувајте.

27. Зашто, како што молњата излегува од исток и светка до запад, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.

28. Каде ќе биде трупот, таму орлите ќе се собираат!”

29. ”Веднаш по тагата на тие денови, сонцето ќе потемни; месечината нема да ја дава својата светлина; и ѕвездите ќе паѓаат од небото, и небесните сили ќе се расклатат.

30. И тогаш ќе се јави на небото знакот на Човечкиот Син; и тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата и ќе Го видат Човечкиот Син, како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава.

Прочитајте целосна глава Матеј 24