Стар Завет

Нов Завет

Матеј 24:10-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Тогаш мнозина ќе се соблазнат; и едниот ќе го предава другиот; и едниот ќе го мрази другиот;

11. и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина.

12. И заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина.

13. А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен.

14. И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот.”

15. ”И така, кога ќе ја видите одвратноста на запустувањето - за која зборува пророкот Даниел - како стои на свето место; кој чита - нека разбере! -

16. Тогаш жителите на Јудеја нека бегаат по горите;

17. а кој ќе биде на покрив, нека не слегува да земе нешто од својата куќа;

18. и кој ќе биде во полето, нека не се враќа за да ја земе наметката!

19. Горко им на бремените и на доилките во тие денови!

20. Молете се вашето бегство да не биде во зима или во сабота,

21. зашто тогаш ќе биде голема мака, каква не била од создавањето на светот досега, ниту ќе биде.

22. И ако не би се скратиле тие дни, не би се спасило ниедно тело. Но заради избраните ќе бидат скратени тие дни.”

Прочитајте целосна глава Матеј 24